Lord of the Rings Online и D&D Online добија друг развивач

Некогашниот крал на ММО игрите, Turbine Entertainment, крена раце од понатамошниот развој на Lord of the Rings Online и Dungeon & Dragons Online и ги предадоа обврските на новоформираното инди студио Standing Stone Games, студио кое располага со дел од развивачите кои беа под чадорот на Turbine и имаат искуство со овие две игри.

Turbine Entertainment, под водство на издавачите Warner BrosInteractive, се одлучија за овој потег по серија отпуштања на вработените и „желбата“ на студиото целосно да се фокусира на бесплатни-за-играње игри, но за мобилните направи. Годинава, Turbine работеше на мобилната игра Batman: Arkham Underworld, а моментно ги насочува силите за изработка на Game of Thrones: Conquest, уште една игра чиј нишан е кон пазарот за игри на паметни направи.

„Тимовите и понатаму целосно се посветуваат на двете игри и се возбудени да го продолжат развивањето и операциите поврзани за овие игри како независно студио,“ објаснува објавата на LOTR сајтот. „Иако многу возбудливи работи се случуваат од наша страна, вие ќе можете да уживате во игрите со што е помалку прекини. Сите најавени планови и понатаму остануваат зацртани за во иднина и иако сме ново студио, ние сме сепак истите развивачи кои работеле и ќе работат на нашите игри.“

По сѐ изгледа и издавачот Warner Bros. Interactive се повлекува и правата за издавање на овие две игри ги предава во рацете на Daybreak Games, студиото кое во едно друго време беше познато како Sony Online Entertainment. Warner Bros. Interactive фигурираше како издавач на игрите уште од 2010-та година кога и воедно го купи студиото Turbine.

Сите оние кои располагаа со одредена дигитална сума од Turbine валутата и понатаму ќе можат да ги користат здобиените средства, но, под разбирливо, не под истото име.

Dungeons & Dragons Online излезе во 2006, а Lord of the Rings Online во 2007 година.

1 коментар на “Lord of the Rings Online и D&D Online добија друг развивач

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии