Лондонските црвени говорници ќе станат полначи за телефони

Двајца британски студенти по географија, Харолд Крастон и Кирсти Кени, најдоа нова употреба за црвените телефонски говорници кои се помалку се во употреба во Лондон. Нивната идеја е досегашните црвени говорници, кои стануваат нефункционални поради мобилните телефони, да бидат редизајнирани во Solarbox и да се претворат во полначи за телефони. Засега шест говорници ќе бидат заменети како локации за полнење на мобилни телефони, јави BBC.

Говорниците ќе се разликуваат од останатите по тоа што ќе бидат обоени со зелена боја, а на кровот има инсталиран соларен панел со димензии од 86 сантиметри. Услугата ќе биде бесплатна, а монетизацијата ќе биде направена преку реклами кои ќе им бидат презентирани на корисниците додека го полнат својот телефон. Solarbox може да наполни 100 телефони во денот и можност за забрзано полнење на 20 отсто од капацитетот на батеријата.

Проектот Solarbox е добитник на второата награда на London Low Carbon Entrepreneur натпреварот организиран од градоначалникот на Лондон. Првата пренаменета говорница е веќе поставена на Tottenham Court Road, а останатите пет ќе бидат заменети до април 2015 година. Првите компании заинтересирани за рекламирање се Uber и Tinder, а 30 отсто од рекламниот простор е резервиран за проекти од јавен интерес.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии