Лондонски стартап доби 200 милиони долари да доставува храна

Deliveroo е стартап од Лондон кој сака да ги предизвика конкурентите со тоа што ќе овозможи достава на храна со подобар квалитет. Стартапот е основан од Вил Шу, инвестициски банкар, кој по преселбата од САД забележал дека голем дел од ексклузивните ресторани во Англија не вршат достава. Неговата идеја која му донесе вкупно 200 милиони долари инвестиција е да доставува храна и од елитни ресторани.

Дека интересот е присутен покажува што 5.000 ресторани постанаа партнери на Deliveroo. Цената за доставата во Велика Британија е 2,5 фунти, а во просек за една испорака се потребни 32 минути. Во моментов Deliveroo има над 300 вработени, од кои повеќе од половината се во Британија каде доставуваат во 30 градови. Во останатиот свет доставуваат во други 20 градови, меѓу кои и Дубаи, Хонг Конг, Сингапур, Мелбурн и Сиднеј, јави Business Insider.

Процената на Deliveroo e на една милијарда долари, а високата проценка е поради тоа што таргетот на компанијата е богатиот и развиениот дел од светот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии