Лондонски немири: Хакнат блогот на BlackBerry бидејќи RIM соработува со полицијaта

После четири дена немири во Лондон, хаосот се префрли на Веб. Официјалниот блог на BlackBerry беше нападнат и дифејсиран откако компанијата изјави дека ќе соработува со полицијата да помогне во идентификацијата на учесниците во немирите.

Одговорноста за овој напад ја презеде хакерска група наречена TeaMp0isoN, која на официјалниот блог на BlackBerry постави изјава која вели: „Драги RIM: Нема да им помогнете на британската полиција, бидејќи ако го сторите тоа, ќе бидат обвинети невини луѓе кои беа во погрешно време на погрешно место и поседуваа BlackBerry телефон“. Покрај оваа изјава, хакерската група исто така се закани и дека ќе ги обелодини личните информации на сите вработени во RIM.

Насилните протести кои веќе четири дена предизвикуваат хаос во Лондон, кои се проширија и во Ливерпул, Лидс и Бирмингам, започнаа во саботата, 6-ти август, откако дојде до судир меѓу протестанти и полицијата во Тотенхам. Лондонските анархисти ги за организација на протестите користеа BlackBerry Messenger, алатка која им овозможува да комуницираат бесплатно и приватно.

Според британските закони, и македонските, кога сме на таа тема, полицијата може да побара од операторите податоци од кориснички мобилни телефони, доколку содржат информации кои се поврзани со криминални активности.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии