Лондонската BRKV отвори канцелариja во Скопје; бара нови и откачени идеи

Освен во Лондон и Мајами, BRKV сега е присутна и во Скопје. Лондонската компанија покрај веб и мобилен девелопмент, работи и со стартапи од инвестирање во идеи до соработка за реализација на истите. Во Скопје го отвараат BRKV Tech кој е аутсорсинг оддел, составен од млад тим за развивање на веб сајтови, мобилни апликации и промоција преку дигиталниот маркетинг за клиентите кои веќе ги имаат.

Според BRKV Tech, Македонија има потенцијал и таленти кои можат да ги исполнат желбите на сите клиенти кои ги има лондонската компанија. Како и многу други компании кои работат со веб и мобилен девелопмент, тие ги сакаат вистинските клиенти. Но, потенцираат дека нивните клиенти треба да се мотивирани и со желба за иновации. Компанијата вели дека „нема проект што е преголем или луд“.

„Иновативните компании со кои сакаме да работиме во Лондон, и во Македонија, се оние кои имаат нови стартап идеи на кои би соработувале, компании кои развиват веб девелопмент, нови апликации и платформи во кои сите би се пронашле и би ги користеле, почнувајќи од самата идеја до нејзината реализација“, вели Марија Михајловска од BRKV Tech.

Решени за предизвици, BRKV можеби ќе наиде на отпор за иновации на македонскиот пазар. Тие се фокусираат на бизниси компании, кои, според неодамнешниот извештај на Светскиот економски форум, не се баш најиновативи. Но, како аутсорсинг оддел во кој млади македонски таленти работат на идеи донесени од Лондон и Мајами, тие ќе имаат шанса да го видат начинот на кој се размислуваат надвор.

„Во Лондон недостигаат компании кои што нудат квалитетен сервис од почеток до крај, од првиот состанок со барањата на фирмата, па се до нејзина реализација и одржување. Во двата градови би го промениле начинот на размислување и ги го олесниле животот на луѓето, особено на младите во Лондон. Имаме доста интересни и на некој начин откачени идеи кои што веќе почнуваме да ги реализираме, па зошто да не помогнеме и на оние кои сакаат нешто да направат, но не знаат од кај да почнат, зошто да не помогнеме на брилијантните умови“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии