Лондонска компанија ќе гради домови за бездомници со огромен 3Д принтер

Една од технологиите кои беа во фокусот во 2014 година без сомневање е 3Д-печатењето и тоа неговата примена во поспецифични области. По печатењето на првата 3Д испринтана куќа во Амстердам, лондонската компанија CNSTRCTN започна со проект со кој ќе гради 3Д-домови во добротворни цели, односно домови за бездомници.

„3Д-градењето на домови го забрзува процесот на конструкција. Докажано е дека може да се изгради куќа за еден ден.“, вели Фабијан Жан-Баптист од CNSTRCTN за Fast Company.

Проектот на г. Жан-Баптист беше на Kickstarter каде се обидоа да ги соберат потребните 500.000 фунти за огромен принтер со кој би можеле да се градат куќите. За жал проектот заврши без успех, па сега компанијата мора на друг начин да се обиде да ги собере средствата за огромниот принтер.

Покрај евтините куќи за бездомниците, технологијата доаѓа и со куп други придобивки, користење на локални материјали или рекултивирани бетон и цимент, што го прави најповолно за околината, вели г. Жан-Баптист. Решението дополнително би требало да понуди можност за побрзо градење во брзо растечките центри во градовите кои подобро и побрзо би одговориле на барањата на пазарот.

„Нашиот план е да бидеме дел од револуцијата која ќе го промени целокупниот начин на градење, притоа менувајќи ја целата индустрија“.

Доколку ова ви се чини неверојатно, најверојатно подзаборавивте дека неодамна во Меѓународната вселенска станица беше „испратена“ првата алатка од Земјата, но и плановите за користење на 3Д-принтери за криеирање на првите колонии во Вселената.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии