Лондон и Амстердам тестираат автономни возила за јавен превоз

Само ако живеевте во пештера во изминативе пет години, ќе се изненадите ако ви кажам дека иднината на автомобилите се електричните и автономни автомобили, односно возила кои можат да се движат правилно во сообраќај без човечка контрола. Трендот веќе преоѓа и во јавниот сектор, каде Амстдердам и Лондон истовремено воведоа иницијативи за превоз преку електрични автобуси.

Амстердам тестира автономни електрични автобуси – WePod. Тестовите се во самиот почеток и иако автобусот вози со 8 километри на час, што за некои дестинации ќе биде побрзо да стигнете пеш, сепак е голем исчекор со оглед на тоа дека ова се првите автономни возила на улиците на Амстердам, пренесува Huffington Post. По завршувањето на тестовите автобусите WePod ќе возат со брзина од 25 km/h. Но, Холанѓаните нема да запрат овде. За во април се најавени првите тестови на автономни камиони на пристаништето во Ротердам.

Покрај Амстердам, и Лондон започнува со први тестови, но на автономни автомобили. Автомобилите ќе бидат копија на возилата кои се користат за превоз на аеродромот Хитроу. Возилата ќе возат во сопствени ленти, а технологијата ќе биде тестирана во реони во Лондон, како Гринвич делот околу стадионот на Арсенал. Освен главниот град, тестови се најавени и за Бристол, Ковентри и Милтон Кејнс. Истражувањето треба да покаже како реагираат луѓето и останатите возила реагираат на автономните возила. Проектот треба да помогне да се соберат доволно податоци, па доколку се покаже безбеден да продолжи неговата имплементација.

Лондон и Амстердам се разбира не се единствените локации каде се тестираат електрични автономни автомобили. Google и Tesla Motors тестираат возила во Калифорнија, Nissan во Токио, Volvo тестира во делови од Шведска, BMW во Германија, а се погласни се најaвите дека покрај Faraday Motors наскоро на улиците ќе се појават и автомобили од Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии