Локалните .мк бизниси се загреваат за Foursquare

Најчестите понуди во моментот се попусти за градоначалниците (mayor) на локацијата. Mayor се станува со често посетување на локацијата, што значи дека корисникот се наградува за лојалноста. Но, новообјавениот Foursquare 3.0 ќе претстави неколку разни титули со што ќе им даде прилика на локалните бизниси да понудата разновидни попусти охрабрувајќи ги корисниците да го посетат бизнисот.

Иако е ретко е да се сретне локален .мк бизнис со идеја да користи друштвените сервиси, или новите технологии како QR код, за забавна промоција, сепак почетокот е охрабрувачки. Тоа што е интересно е што овој почетокот на друштвените промоции во Македонија го вклучува и Foursquare, сервис кој едвај има вкупно 7 милиони корисници, но која сепак е тренд во светот и забележува раст бидејќи е забавен и ги става бизнисите во предност.

Доколку локалните .мк бизниси се паметни и започнат да ги следат и прифаќаат друштвените сервиси додека се во раст, тогаш ќе бидат спремни за трендот кога ќе биде во целиот свој потенцијал.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии