Локацискиот потсетник МаркО бара бета тестери

Локацискиот потсетник МаркО влезе во јавна бета фаза со која македонското студио, и креаторот на МаркО, CodeWell, сака да привлече заинтересирани тестери да ја пробаат апликацијата и да помогнат во нејзиниот развој.

CodeWell го промовира МаркО како локацискa to-do листа, односно потсетник кој ќе ве потсети за задачите кога сте блиску до одредена локација, пример дека треба да купите лекови кога ќе поминете покрај аптека. Но, по фидбекот од претходните тестери, сега е додаден и временски потсетник што ќе ве потсети според точното време кога сакате да ја завршите обврската.

Во новата бета верзија се додадени неколку нови функционалности, како и полесно најавување во апликацијата. Ова беше проблем од самиот старт бидејќи МаркО бараше да се отвори нов профил, но сега е додаденма можност за користење на апликацијата без најава, а е додадена опција за логирање со Facebook профил. На кратко, логирањето е олеснето, и можеби ќе помогне за полесно споделување на задачите со пријателите, што е една од клучните опции на МаркО.

Засега МаркО останува достапен само за Android телефони и Android Wear за паметните часовници. Но, можеби инвестицијата од холандскиот Rockstart ќе им помогне да го направат МаркО и за iOS. Апликацијата е веќе достапна и на неколку јазици, вклучувајќи ги и шпанската и турската верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии