Локацискиот Foursquare додаде опција за слики и коментари

Со овие две опции Foursquare станува „покорисен и подруштвен“.

„Коментарите ги прават средбите и прошетките многу полесни. Подобрете си го денот со порака до пријателот дека сте само зад ќош, и дека тие треба да поминат“, вели Foursquаre во блог пост.

„Совети со слики ги менуваат нештата комплетно. Видете ги подготвените оброци пред да нарачате, откријте кое место изгледа интересно, или лесно препознајте тешко-за-наоѓање место. Повеќе инфо = подобро истражување.“

Најавено е дека следната недела споделувањето фотографии и коментарите ќе бидат достапни и за Android корисниците на Foursquare.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии