Локацискиот асистент МаркО бара бета тестери да им покаже дека е попаметен

MаркО, локацискиот асистент на CodeWell, доби нова бета верзија со која треба да биде попаметен. Освен редизајн на екранот за потсетници, апликацијата која ве потсетува за обврските кога ќе поминете на одберена локација, сега има AI Recognition. Се работи за функционалност со која МаркО ќе сугерира најдобра локација и време. Пример, откако ќе се креира потсетник за „состанок со Петре утре“, апликацијата ќе предложи каде и кога ќе се одржи состанокот.

За жал оваа функционалност е достапна само за ангилската верзија, односно само ако внесете состанок на англиски јазик, значи „meeting with Petre tomorrow“. И покрај тој мал недостаток што може да се занемари, тоа што е важно е го поедноставува користењето преку паметен часовник. МаркО е достапен за часовниците со Android Wear, и сега може лесно да се внесе потсетник преку говор.

Друга новина е што сега може да се додаваат потсетници во МаркО преку трети апликации, пример, може да се пренесе потсетник од Facebook на MarkO. Но, за да се усоврши, на МаркО и на креаторите CodeWell им се потребни бета тестери кои ќе можат да ја испробаат апликацијата. Повеќе детали и линк за симнување има тука.

1 коментар на “Локацискиот асистент МаркО бара бета тестери да им покаже дека е попаметен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии