Иако сите се плашат Facebook да не им ја наруши приватноста, да не им ги искористи личните информации, сепак интересно е тоа што самите корисници се пострашни од Facebook. Лажно претставување и лажни профили од други корисници е највообичаена злоупотреба на лични информации на мрежата.

Скоро секој ден, во последниве шест месеци, има по пријави и поплаки во врска со лажни профили , неодамна изјавија од Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) кои имаат директен контакт со Facebook доколку е потребно да се интервенира. Друга поголема злоупотреба е пробивањето на профилите каде корисниците користат една иста лозинка за неколку сервиси, па кога ќе се открие лозинката за еден сервис, најчесто се пробиваат и другите.

5 коментари на “Љубоморна радовишанка доби кривична пријава за лажен Facebook профил

  1. "Лажно претставување и нарушување нечиј углед" постои само доколку податоците кои се оставаат се потврдени и поврзани на некаков начин со реалниот свет. Колку што знам, Facebook не бара верификација на податоци, така да, ова е исто како некој да ме тужи мене за клевета на некој форум. Get real, Facebook не е реален живот.

    1. Има реални слики, телефони, адреси, статуси, фамилија, пријатели и куп други реални информации од реални луѓе…

  2. значи како прво тоа не е работа на полицијата… јас се кладам дека 99,9 % од македонските корисници на ФБ не ја прочитале ЕУЛА-та на која што се согласуваш кога си правиш профил. второ самиот корисник бира со кого ке биде пријател а со кого не, ако има еден куп приватни информации нека не додава пријатели кои не знае ни кои се ни што се… и како трето, да социјалните мрежи се играчка доколку самиот во глава си ставиш дека се такви, дека се извор на забава и сирење на контакти и најбитно од се СОЦИЈАЛНИОТ ЖИВОТ НА ЕДНА ЛИЧНОСТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТСТАВИ СО НЕКАКОВ СИ ПРОФИЛ. реално на фб има многу помалку информации од што можеш да ги добиеш во пола часовен разговор со истата таа личност. не го обвинувајте фб, не ги обвинувајте ни корисниците, самите си решиле да го користат на тој (каков и да е) начин.

    1. "значи како прво тоа не е работа на полицијата…"

      Лажно претставување и нарушување нечиј углед е работа на полицијата и ДЗЛП, посебно кога се работи за сервис надвор од државата кого не го допираат локалните закони. Со останатиот твој коментар делумно се слогласувам :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии