Листајте бројни фонтови од вашиот телефон со Fontasy

Fontasy е релативно нова апликација за вашата Android направа. Преку неа, имате на располагање стотици и стотици фонтови (да бидеме попрецизни – над 600!).

Со оглед на тоа дека сте значително ограничени со Google Fonts преку вашиот телефон, оваа апликација ви дозволува значително поголема слобода.

Со Fontasy можете да листате, односно разгледувате најразлични фонтови или да пишувате најразлични работи во нив директно преку апликацијата. Како додатен и исклучително корисен бонус, можете да ги споделувате оние фонтови кои највеќе ќе ви се допаднат. Пример, можете да го прикачите фајлот со фонтот како дел од е-маил порака и потоа да си го преземете и користите преку вашиот компјутер.

Имајте во предвид дека со Fontasy не можете да наместите да ви се смени фонтот во самиот телефон, ниту пак да пишувате во некој фонт преку некоја друга апликација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии