Листа од сите игри достапни на GeForce Now

Не толку одамна, ја тестиравме NVIDIA GeForce NOW, новиот начин за гејминг на стар компјутер, Mac, или Andrоid направа и бевме прилично задоволни од виденото. GeForce NOW е надвор од бетата, но, од одредени аспекти, апликацијата и понатаму се однесува како тоа да не е случајот.

Една работа која значително не нѝ се допаѓа е тоа што не можеме да добиеме целосен увид во сите игри кои се поддржани од GeForce NOW. Можеби имате слушнато како Activision ги повлече нивните игри. Бргу по нив, и Bethesda и 2K побараа нивните игри да не може да се стримуваат. Единствен начин за да знаеме која игра може да се стримува е насловот на истата го напишеме во полето за пребарување. Ова никако не нѝ се допаѓа и едноставно сакаме уредна листа од сите игри кои се поддржани со сервисот.

Сајтот кој го откривме денеска го прави токму тоа. Со еден клик имате пристап до сите игри кои моментно се достапни на GeForce NOW. Доколку насловот на играта е зелен, тоа значи дека играта е целосно оптимизирана. Црвениот натпис и Steam лого значи дека играта не е целосно оптимизирана и потребно е да ја дополнително прилагодите резолуцијата и некои други графички опции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии