Листа на друштвени игри да ги играте празнициве

Новогодишните и божиќните празници се вистинско време да го поминете со семејството. А кога веќе сте собрани, може да изиграте и некоја друштвена игра. Ги прашавме нашите пријатели од Goblin, Archona Games и Final Frontier Games кои игри би ни ги препорачале за празниците.

Еве го нивниот избор:

Archona Games:

  • Blood Rage -Тема одлично пресликана преку механиките и гејмплејот.
  • Takenoko –  Лесна и тематска забава за цело семејство.
  • 7 Wonders Duel – Одлична дуел игра за двајца.
  • Clash of Cultures – За фанови на civilization игрици.
  • Deus – Уште една одлична ама полесна civilization игра.
  • Time Stories – Одлична тема и загатки слично на click and point adventure games.
  • Codenames – Парти гејм за повеќе луѓе.

Final Frontier Game

Составивме една кратка листа од ултра забавни игри, перфектни за новогодишните празници. Препорачуваме да се играат во поголемо друштво а алкохолот е исто така добар сојзник, но во умерени количини нормално. Гарантирааме добар провод и многу смеење.

  • Colt Express – забавна и брза игра со карти сместена на дивиот запад, каде што играчите се ограбувачи на возови и се натпреваруваат кој ќе ограби поголема количина на пари.Има и мала картонска макета на воз по која што играчите ги движат своите карактери, кои меѓусебно се тепаат, пукаат и сé што доаѓа со дивиот запад.

  • Camel Up – исто така многу забавна игра, кратка за објаснување и поставување на маса. Една партија трае околу 15 минути и рундите се одвиваат брзо. Играчите се обложуваат на трки со камили, но итересното е што и тие самите можат да влијаат на трката. Можат да поставуваат препреки, или да помагаат нивниот фаворит да стигне побрзо.
  • Mysterium – игра за сите љубители на детективскиот жанр на игри, каде што еден од играчите ја презема улогата на духот на еден убиен човек и ќе се обиде на играчите да им објасни кој е неговиот убиец и на кој начин бил убиен. Тоа го прави преку шпил од апстрактни карти на кои играчите ќе бараат некакви скриени траги кои ќе ги асоцираат на решавање на случајот.

Goblin Games

Бидејќи Archona Games и Final Frontier Games беа и премногу скромни, ние ќе ве потсетиме дека може да ги играте и нивните игри. Можеби најновите не се сè уште достапни, но Small Star Empires и Cavern Tavern секако се.

Од наше и од име на Final Frontier Games, Goblin Games и Archona Games, среќни празници!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии