Пред 20 години, тогашниот студент Линус Торвалдс креираше нов кернел за оперативен систем кој веднаш го сподели со остатокот од светот. Овој Linux кернел ќе стане основата за оперативниот систем, име кое е комбинација од името на креаторот и UNIX, оперативниот систем на кој е базиран.

За многу брзо време програмерите од цел свет се вклучија во развојот на овој слободен оперативен систем, правејќи го Linux денес е еден од најважните оперативни системи во светот. Брзиот развиток на Linux се должи на одлуката да биде дистрибуиран под GNU лиценцата, најупотребуваната лиценца за слободен софтвер. Според оваа лиценца, сите измени што ќе се направи на софтвер треба да се сподели со остатокот од светот.

По повод дваесет годишнината од постењето на слободниот оперативен систем GNU/Linux, во Ванкувер од 17 до 19 Август, фондацијата Linux организира конференцијa LinuxCon, на која ќе се прослави овој значаен јубилеј.

Фондацијата Linux направи инфографик кој ја отсликува историјата и развитокот на овој оперативен систем. Според инфографикот може да се заклучи дека Linux е глобално распространет оперативен систем кој се користи во 75% од светските берзи, како и во серверите на најголемите веб сајтови, како што е Facebook, Amazon, Twitter, Ebay, и Google.

Linux исто така се наоаѓa и во 95% од суперкомпјутерите, како и фактот дека Android уредите работат на овој слободен оперативен систем. Linux е незаменлив дел од нашиот свет и скоро сите го користиме без разлика дали сме свесни за тоа или не. Погледнете го информатикот за дополнителни интересни информации поврзани со историјата и развитокот на Linux.

1 коментар на “Linux пред 20 години и сега

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии