Креаторот на Linux, Линус Торвалдс, неодамна го претстави просторот во кој што работи и објасни дел од неговиот креативен процес. Покрај новото биро и лентата за трчање, чија комбинација во шега ја нарекува Zombie shuffling desk, во работната соба сè уште е присутно и старото работно биро со куп стари проекти на него. Тука се и MakerBot Replicator 2X 3Д-принтерот кој е наменет за неговите деца, хард-дискови од последните 15 години кои сè уште не го пронашле својот пат до ѓубрето, а се разбира има простор и за куп пингвини кои се маскота на Linux. Доколку ве интересира работниот простор на повеќе Linux развивачи можете да ја погледате презентацијата на работниот простор на Грег Кроа-Хартман и Стив Ростед.
[youtube]HSgUPqygAww[/youtube]