Линус Торвалдс ја доби Милениумската награда за технологија

Таткото на Linux, Линус Торвалдс, ја доби најголемата технолошка награда на светот – Милениумска награда за технологија за 2012 година. Иако уште во април се знаеше кој ќе биде добитник на овогодинешната награда, сепак Линус дури вчера ја доби наградата во Академијата за технологија – Финска (ТАФ).

Г. Торвалдс е награден за креирање на Linux Kernel во 1991 година. Тој тогаш изјави дека работи на Linux во своето слободно време и не е ништо професионално. Но, денес на развивање на овој софтвер се потрошени околу 73.000 човечки години, а почетните 10.000 линии код сега се проширија на 15 милиони. Денес Linux е основата на илјадници проекти за се и сешто, вклучувајќи го и мобилниот оперативен систем на Google, Аndroid, кој се користи од над 300 милиони луѓе.

„Повеќето луѓе користат Linux без да се свесни за тоа. Moжеби користите кога го користите вашиот Android телефон. Ако сте на интернет, најверојатно пребарувате преку Google. Google користи Linux. Дури и да не користите Linux на вашата машина, серверите на другиот крај работат на Linux.“, вели г. Торвалдс.

Toj овогодинешната награда ќе ја сподели со Саули Нинисто, кој ја доби наградата за неговото откритие на нов метод за развој на индуцирани плурипотентни матични клетки. Ова е прва година кога наградата е поделена на двајца научници и наградата од 1,2 милиони евра ќе им биде поделена на двајцата, подеднакво.

[youtube]roHk_2tLqv0[/youtube]

2 коментари на “Линус Торвалдс ја доби Милениумската награда за технологија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии