Линус Торвалдс е загрижен како Linux ќе се справи со Муровиот закон

Борис Кузманов

во Општо

Еден од можеби подобрите настапи на овогодинешниот LinuxCon беше панел дискусијата помеѓу Linux програмерот, Тежун Хео; Сара Шарп – развивач на кернелот од Intel; Грег Кроах-Хартмен – експерт за драјверите поврзани со Linux и креаторот на Linux – Линус Торвалдс.

Преку дискусијата, Линус изрази загриженост од можното завршување на Муровиот закон, односно истиот да престане да важи, со што би се отвориле дополнителни предизвици за развивачи на софтвер и хардвер. „За околу 5 до 10 години, навистина сум заинтересиран да видам како индустријата ќе реагира на фактот дека наскоро ќе дојдеме до некои физички лимити“.

Физичките и финансиските ограничувања може да го нарушат законот на Мур според кој бројот на транзистори кој може да биде поставен на едно коло се дуплира на секои две години. Напредувањето на хардверот имаше големо влијание врз софтверот на Linux. „Причината поради која Linux работи добро на мобилните телефони е дека мобилните се зголемуваат“ и во моментот се стопати појаки од машината на која работеше Linux пред две декади“.

Што се однесува до развојот на кернелот околу кој се вртеше добра дискусија е да се најде начин да се мотивираат повеќе луѓе да допринесуваат во неговиот развој. „Мора да постои начин да се натерат новите развивачи да придонесуваат во Линукс и слободниот софтвер. Тоа може да се направи преку менторирање“, смета Сара Шарп од Intel. Како дополнение, Кроах Хартмен истакна дека во моментот најголем придонес имаат студентите и интерните кои придонесуваат со завидувачки број на пачеви во кернелот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии