Pulse на LinkedIn стана покорисна апликација за професионални вести

LinkedIn најави посериозно ангажирање околу Pulse, апликација за iOS и Android која се фокусира на информции и вести од индустријата која корисникот најмногу го интересира – онаа во која има професионален ангажман. Pulse е дел од LinkedIn веќе пет години, но до сега сметаа дека мобилните платформи не се потполно прилагодени за вести. Сепак напредокот на паметните телефони овозможија куп апликации кои се користат за добивање на персонализирани информации, па сега и LinkedIn се насочува кон поспецифичното таргетирање.

Акшај Котари од LinkedIn смета дека за да биде успешна платформата мора да понуди квалитетна, но и поинаква содржина од конкурентите. Една од изментите која треба да доведе до успех на Pulse е замена на компјутерскиот алгоритмат со уредници кои ќе ја бираат содржината.

Тоа што платформата ќе може да го донесе, а всушност и најголемата предност пред останатите конкуренти. LinkedIn знае што работите или сте работеле, кои ви се колеги, кого следите, па следствено на ова може да презентира и релевантни информации од индустријата во која работите.

Апликацијата ќе ги презентира вестите од релеванти новински агенции или портали, но и коментарите на останатите корисници. Дополнително уредниците ќе прават пресек на денот, ќе ги селектираат важните весто од индустриите и ќе одбираат интересни новости од индустријата, јави Wired.

„Сфативме дека контекстот е навистина значаен. Луѓето не веруваат кога правите одлуки наместо нив. Сакаме да им ја понудиме најдобрата содржина, контекст за секоја содржина и повеќе контрола“, вели г.Котари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии