LinkedIn започна да нуди видео рекламирање на својата платформа

Најголемата бизнис друштвена мрежа, LinkedIn, донесе одлука на своите рекламни простори да нуди и рекламирање на брендовите со видео содржина.

„Без врска дали имате сложен B2B сервис да промовирате или пак имате инспиративна порака од бренд, видео реклами се начин да едуцирате, убедите и да ги инспирате сите 175 милиони корисници на LinkedIn.”, вели бизнис мрежата.

Од сега, компаниите преку страницата за закупување на реклами „Linkedin Ads“ ќе може да го изберат и моделот на видео/аудио рекламирање, кој како и кај останатите видови на реклами, компанијата ќе може да избере дали плаќањето ќе биде според кликовите или прегледи. Видео рекламните материјали ќе им бидат прикажани на корисниците со димензии 300 х 250 и ќе бидат лимитирани на времетраење од 30 секунди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии