LinkedIn и Word ќе ви помогнат да направите подобро резиме

Дејан Соколоски

во Вести

Microsoft ќе со обиде да го олесни процесот на креирање на CV, процес во кој најверојатно никој не ужива.

Функционалноста доаѓа во Word и ќе биде овозможена преку интеграција на LinkedIn. Не станува збор единствено за „auto-fill“ функција, туку Word ќе ги собира податоците и начините на кои резимето го пишуваат корисниците. Потоа корисникот ќе може да ги прегледа и да го дотера своето резиме. Дополнително, ако нешто заборавил, ќе може да го додаде.

Асистентот овозможува и: идентификување на најдобрите вештини на корисникот; презентација на веќе постоечки примери; прилагодување на резимето за некоја позиција; можност за професионална помош при пишувањето на резимето и тивко известување за „ловците на таленти“ дека се отворени за промена на средината, објасни генералниот менаџер на Office Брајан Гуди.

Но, предностите на користење на функционалноста не завршуват со креирањето на CV. Врз основа на внесените податоци, на корисникот ќе му бидат понудени и отворени позиции на кои соодветствува неговиот профил.

LinkedIn заработува од регрутирањето, а Microsoft ќе може дополнително да им понуди тренинг на корисниците. Па креирањето на асистент за пишување на резиме не е изненадување.

Функцијата најпрво ќе им биде достапна на корисниците на „Insider“ програмата од Австралија, Бразил, Велика Британија, Германија, Индија, Ирска, Јапонија, Јужна Африка, Канада, Кина, Нов Зеланд, САД, Сингапур, Франција, Чиле и Шпанија. Потоа функционалноста пристига и за сите Office365 корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии