LinkedIn стартуваше страница за универзитети

Додека Facebook секојдневно се преполнува со се поголем број на глупости, LinkedIn нон-стоп работи на подобрување на својот сервис, содржински и функциски. Најново нешто што LinkedIn го претстави на своите 225 милиони корисници се страниците за универзитети.

LinkedIn од денес целосно го менува начинот на кој студиите ќе им бидат претставени на корисниците. Сигурен сум дека сите матуранти што планираат да се запишат на одреден факултет, секоја година ги прашуваат своите постари пријатели за како е кај нив на факултетот и многу други слични прашања. Но, вистинскиот проблем е кога сакате да студирате некаде настрана и не знаете никој што студира на тој факултет. Тука влегува во игра новата страница на LinkedIn преку која можете да видите кој се студира на одреден факултет и кои од тамошните професори се присутни на LinkedIn, па да добиете информации од прва рака.

Овој начин на поврзување може да ви помогне при стекнувањето на нови пријатели од факултетот на кој ќе студирате. Дополнително, од 12 септември сличен таков сервис ќе биде достапен и за средношколците.

[youtube]YWp6AN00D_c[/youtube]