LinkedIn со маркетинг кампања ги мотивира корисниците да го користат повеќе

LinkedIn во своето ново видео ги повикува корисниците почесто да го користат профилот на компаниите, кои добија голема измена во последниoт редизајн.

LinkedIn е одлична друштвена мрежа преку која досега се направени голем број на договори, но најголемата користеност доаѓа од обичните корисници, односно од личните профили на корисниците. Од компанијата, за да ја зголемат активноста на компаниските страници, имаат создадена и посебна страница http://marketing.linkedin.com/2013success/ на која стои пораката „Започнете ја годината правилно! Претставете го вашиот бренд и поврзете се со вашата таргет група преку вашата LinkedIn страница на компанијата“. Исто така, на страницата се поставени и неколку водичи кои ќе им помогнат на корисниците да ги уредат своите профили.

Во продолжение можете да го погледнете видеото во кое LinkedIn го претставува начинот на кој треба да го уредите профилот на вашата компанија.

[youtube]/jW-QEPxwHq4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии