LinkedIn сега има над 150 милиони регистрирани бизнис професионалци

Бизнис мрежата LinkedIn која постои од 2003 година, сега стигна до бројката од 150 милиони регистрирани корисници во повеќе од 200 држави. Со постигнување на оваа монументална бројка за една професионално ориентирана бизнис мрежа, уште поточен им е описот: „најголема професионална мрежа на светот”.

Според постариот потпретседател за развивање на продукти, Дип Нишар, LinkedIn добива 10 нови членови секои 5 секунди. Бројката од 135 регистрирани членови LinkedIn ја има постигнато уште од декември минатата година. Најголема концентрација на корисници има во Њујорк, поточно 6,1 милиони луѓе.

Сега во период на несигурна работна иднина, кога економијата поминува низ турбулентен период, мрежа за професионални и бизнис насочени активности е корисен додаток за сите професионалци, евидентно преку одличниот успех во четвртиот квартал на Linkedln.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии