LinkedIn продолжува да прави измени на корисничките профили

LinkedIn продолжува со своите промени во изгледот. Имено, на настанот што го одржија водечките луѓе во компанијата, основачот Џеф Вајнер и дирекорот за продукти, Дип Нишар, ги претставија новите промени на корисничките профили. Со новиот дизајн ќе се добие на прегледност на корисничките профили, а со тоа и самото поврзување помеѓу компаниите и клиентите да се поддностави, смета г. Џеф Вајнер.

На врвот од корисничкиот профил е фотографијата на корисникот, која со редизајнот е видливо зголемена, а промената на информациите е поедноставено така што тоа се врши директно преку страницата. Исто така, кога ќе отворите профил на некој корисник со кого сте поврзани, од десната страна ќе можете да ги забележате вашите заеднички работи, како и LinkedIn корисници кои се слични со корисникот што го прегледувате. Можете да ги „лајкате“ и коментирате објавите и статусите на корисниците, како и да ги споделувате на вашите пријатели.

Покрај тоа, на вашата страница ќе биде прикажан и граф на кој визуелно се прикажани информациите од каде доаѓаат вашите конекции, каде работат или какво образование имаат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии