LinkedIn претстави прекрасна апликација за iPad

Долгоочекуваната iPad апликација на Linkedin изгледа прекрасно! Kоплетно е редизајнирана, воопшто не наликува на веб сајтот и сега повеќе наликува на друштвена мрежа, отколку на бизнис мрежа со излистани контакти. Има интересен календар каде се прикажуваат состаноците, и споделената содржина е поистакната и подобро организиран со убав интерфејс. Сите останати опции како пребарување на колеги или фирми се присутни, може да се прегледуваат целосни профили, и да се проверува кој корисник ви го прегледал профилот.

Бизнис мрежата се реши комплетно да се редизајнира таблет компјутерот за да одговара „на начинот како корисниците го користат iPad-от, преку утринското и вечерното информирање“, вели менаџерот за друштвени медиуми на LinkedIn, Марио Сундар, повикувајќи се на истражување кое покажало дека корисниците на iPad најчесто го посетуваат веб сајтот на мрежата помеѓу утринското кафе и вечерното легање во кауч. Затоа апликацијата е дизајнирана да има календар кој потсетник за што следува во текот на работниот ден и содржина која ќе информира за најновите вести.

LinkedIn претстави и нови верзии на Android и iOS апликациите. Според нивните статистики, скоро 22 отсто од дневните посетители го посетуваат сајтот преку мобилен, што е пораст од 15-те отсто од крајот на 2011-та година. Овој раст сигурно ќе продолжи и во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии