LinkedIn има 200 милиони корисници од над 200 земји

Бизнис мрежата LinkedIn сега има над 200 милиони корисници кои доаѓаат од над 200 земји и пристапуваат на сајтот на 19 светски јазици. Дневно се регистрираат по 172.800 нови корисници, или по два корисника секоја секунда.

Се поголемата популарност на Linkedin е добрa вест за сите корисници, бидејќи сега имаат поголем број на бизнис контакти, и со малку среќа и успешност, можеби и повеќе соработници. Но, работите можат да бидат малку покомплицирани бидејќи LinkedIn е само друштвена мрежа, додека во реалниот свет бизнис контактите често не ги надминуваат локалните рамки, односно корисниците се поврзуваат со тие што се блиску до нив.

На мрежата најмногу корисници, околу 74 милиони, има од САД, а потоа следат 18-те милиони од Индија, 11-те милиони од Бразил и Британија, 7-те милиони од Канада, a според LinkedIn мрежата полека станува популарна и во Турција, Колумбија и Индонезија. Очекувано, најголемата застпена индустрија е информатичката технологија, потоа следат финансиските сервиси, високото образование, компјутерски софтвер и телекомуникации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии