LinkedIn го купи SlideShare за 119 милиони долари

Бизнис мрежата најави дека го купува Slideshare, сајтот за споделување презентации, за 119 милиони долари (45 отсто во кеш, и останатото во акции).

SlideShare е сервис, стартуван во 2006 година, преку кој може да ги закачите вашите презентации или видеа на Веб и да имате пристап до нив од било каде, како и да ги споделите лесно само преку линк, наместо да праќате фајлови. Сервисот има скоро 30 милиони посетители месечно кои вкупно до сега закачија околу 9 милиони презентации. Знаејќи дека презентациите се неопходни за споделување бизнис идеи, и убедување на шефот да ги прифати, сигурно ви станува јасно зошто најголемата бизнис мрежа во светот го купува сервисот.

„Презентациите се еден од основните начини како професионалците го споделуваат своето искуство и знаење, што им помага да го оформат професионалниот идентитет.“, вели директорот на LinkedIn, Џеф Вајнер.

Тој додава дека презентациите ќе им помогнат на професионалците да откријат нови контакти, да бидат попродуктивни и поуспешни во своите кариери, што е во склоп со „мисијата“ на LinkedIn. SlideShare ќе продолжи да си функционири како до сега, иако е можно да видиме подлабока интеграција на SlideShare во друштвената мрежа.

LinkedIn and Slideshare

View more presentations from LinkedIn

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии