Во процесот на редизајнирање кој веќе трае некој период, најново што го објавија од LinkedIn е новиот дизајн на страниците за компании.
Како и кај претходните редизајни на страниците, во фокусот се зголемените слики на објавите. Исто така, одсега страниците ќе содржат повеќе информации со што се занимавате, важните пораки и соопштенија можете да ги испратите во форма на постови на кои членовите ќе може да коментираат, лајкуваат и споделуваат.
Промените се достапни и во апликациите за iPhone и iPad, па така брзо и едноставно преку вашиот паметен телефон ќе можете да ги менувате информациите на вашата компанија.