LinkedIn е најновата друштвена мрежа со „приказни“

Дејан Соколоски

во Вести

Image copurtesy of LinkedIn

Една од функционалностите која го прави или барем го правеше Snap уникатен беа кусите видеа. Сега сите платформи ја додадоа оваа функционалност. Најпрво Facebook ги додаде видеата баш на сè што имаа, а потоа следеа и останатите. Сега и LinkedIn ја додава истата функционалност.

За почеток ќе биде фокусирана на помладите корисници, студентите. Веста за TechCruch ја потврдија од LinkedIn додавајќи дека „Student Stories“ е почеток. Засега функционалноста е достапна исклучиво во САД, а целта е да се креира заедница околу универзитетите.

Ова секако е и начин со кој LinkedIn ќе се обиде да стигне до студентите порано и да го забрза процесот на регрутирање. Со самото присуство студентите ќе станат дел од мрежа која ќе им помогне во иднина при барање на работа или можеби нудење на работа.

Интересен е коментарот на TechCrunch, кој потсетува дека на Snapchat „приказните“ започнаа како куси видеа кои по кратко време исчезнуваа, па корисникот можеше да ги заборави. Ако LinkedIn ги остави трајни, прашање е дали би помогнале глупостите кои сите ги правеле како студенти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии