Life Sciences e првата компанија под Alphabet, поранешен Google

Google и официјално ја креираше првата компанија под Alphabet, и тоа ќе биде медицинската компанија за леќи – Life Sciences. Ова не е никакво изненадување со оглед на тоа дека Лери Пејџ најави дека со креирањето на Alphabet ќе се форсираат иновативни проекти. Креирањето на новата компанија, овојпат го објави Сергеј Брин на Google Plus профилот.

Life Sciences е дел од Google X лабораторијата и истовремени ќе биде првата компанија која ќе излезе од лабораторијата како независна компанија. Целта на новоформираната Alphabet е токму ова – да се даде шанса на независни компании, додека профитабилниот Google да си води сметка само за пребарувачкиот бизнис и Android. Дел од проектите на новокреираната компанија се објавени уште додека беа дел од Google, а во нив: паметни леќи за следење на ниво на шеќер кај дијабетичарите, наночестички во медицината, но и план за зголемување на квалитетот на животот и негово продолжување. На чело на компанијата е Енди Конрад, кој беше на чело на Google Life Sciences.

Life Sciences е прва независна компанија под Аlphabet, но и втора која е одбласта на медицината за која знаеме. Calico е втората компанија која ќе работи на подобро разбирање на биологиата и тоа пред се онаа од која зависи живиотниот век.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии