Lich King пристига во Гоблин, HearthStone сезоната почнува на 2 септември

Дејан Соколоски

во гејминг, ИТ.МК

Гоблин го најави првиот турнир со новата експанзија на HearthStone, Knights of Frozen Throne. Нема подобар начин за прослава и дружење од одржување на последниот турнир пред почетокот на школската година.

Сите љубители на играта кои се заинтересирани за турнирот можат уште сега да се пријават на имејл адресата на Гоблин ([email protected]). Во пораката треба да испратат име, презиме и battletag.

Што се однесува до турнирот, веќе вообичаено, секој учесник доаѓа со сопствен компјутер, таблет или телефон. Натпреварите се подобар од 3, по една победа со секој од дековите. За учество се плаќа 100 денари, а овие средства потоа се прераспределуваат на победниците, и тоа:

  • 1 место: 40 % store credit од вкупното учество + Thrall Funko Pop!
  • 2 место: 20 % store credit од вкупното учество
  • 3 место: 10 % store credit од вкупното учество
  • 4 место: 10 % store credit од вкупното учество

Освен овие награди ќе има и дополнителни награди за учесниците, кои се доделуваат по случен избор. Настанот е дел од Hearthstone лигата.

Турнирот се одржува на 2 септември од 14;00 часот во Гоблин. Повеќе податоци за турнирот може да пронајдете на нивната Facebook страницата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии