LibreOffice 4.1 со подобрена поддршка за Office документи

The Document Foundation ја објави 4.1 верзијата на својот софтверски пакет, LibreOffice. Новата верзија доаѓа со неколку новитети и поправени 3.000 грешки. Покрај тоа што ова е најдобриот LibreOffice, од Document Foundation сметаат дека ова е најинтероперабилниот бесплатен и отворен пакет.

Интероперабилноста игра голема улога, бидејќи најголем дел од пазарот го држи Microsoft со својот Office, па од тука е и потребата да се подобри компатибилноста со документите пишувани од тој софтвер. И додека Microsoft Office ги поддржува само своите формати, LibreOffice има цел корисниците преку овој софтвер да може да отворат што е можно поголем број на документи.

Новост во LibreOffice 4.1 е и можноста за вметнување на надворешни фонтови во Writer, Calc и Impress документите. Исто така, подобрени се и футнотите, а додадена е и експериментална странична лента која ги содржи работите од лентата со алатки. Како ќе се покаже тоа и дали ќе остане и во наредните верзии, ќе покаже времето и како, и дали корисниците ја користат.

LibreOffice 4.1 е достапен бесплатно за GNU/Linux, Windows и Mac OS, а можете да го преземете од libreoffice.org/download/.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии