LibQuotes ги обединува сите цитати на едно место

LibQuotes е релативно нов сајт кои има за цел да ги обедини сите цитати на едно место и да понуди одлични можности за проширена интеракција со нив. Имено, голем број од цитатите се пропратени со информативни фусноти и толкувања, преводи, а можете да добиете и пристап до подетални информации за самите автори, како нивната биографија, линкови до нивните дела, но и други автори со кои се поврзани.

 

Самиот сајт има пријатен и ненаметлив распоред на елементите и од самата предна страна пружа инстантен увид во цитати од најпознати автори, омилени цитати од тимот за LibQuotes, но и интересни листи од цитати, како цитати со предвидувања кои не се случиле, ако е на интернет мора да е вистина или впечатливи последни зборови. Во зависност од тоа што барате, цитатите се поделени и по теми кои ви дозволуваат да црпите инспирација со цитати поврзани за живот, љубов, природа, време, мисла, работа и многу, многу повеќе. Долниот дел од предната страна е резервиран за повизуелно впивање цитати и тоа во форма на слики.

За секој цитат добивате едноставни можности за споделување преку социјалните мрежи, а авторите ветуваат многу повеќе содржини во идно време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии