LHC стопиран заради поправки

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Најголемиот и најскапиот научен експеримент во светот, Large Hadron Collider (LHC) чија цел е да постигне високо-енергетски судир на протони е стопиран на најмалку два месеци заради поправка – истакнаа во саботата научниците од Европскиот центар за нуклеарни истражувања (CERN).

Стопирањето на проектот, по успешна прва фаза кога беа спроведени протоните низ машината, се должи на неисправниот 30-тонски електричен трансформер како и на неуспешниот тест на супер-проводните магнети кога во тунелите каде што се одвива експериментот беше испуштена и огромна количина на хелиум.

Научниците исто така имаат проблем и со електричната конекција помеѓу магнетите, која заради високите температури се има стопено. За да го поправат овој проблем, локацијата во 30 километарскиот тунел каде што се наоѓа овој дел треба целосно да се загрее и потоа целосно да се олади.

CERN планираше да ги спроведе набрзина сите фази до 21 Октомври, кога е и најавено официјалното затворање на проектот за оваа година заради причината да се заштеди енергија за време на зимскиот период. Имајќи ги во предвид овие одлагања и поправки, можно е CERN да ги помести датумите.

Меѓу поситните проблеми со кои CERN се соочуваше за време на овој проект беа привремените хакерски напади над компјутерите искористени за експериментот, како и многубројните протести од луѓето кои не се толку наклонети кон нови научни откритија и мислат дека истите ќе го уништат светот.

Проектот LCH на CERN е планиран и развиван во последните 14 години а вкупно досега тежи околу 8 милијарди евра. Акцелераторот на ситни единки кој се наоѓа во 30 км тунел долж швајцарско-француската граница во близина на Женева, и е под 100 м земјина површина, има за цел да открие целосно нов свет на физика и да се обиде да ја потврди теоријата за создавањето на светот.

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии