LG нема да го произведува Nexus 5, но ќе ви продаде бел Nexus 4

LG ги демантираше вестите дека работат на нов Nexus 5 паметен телефон. Но, при тоа потврди и дека белата варијанта на Nexus 4 од утре ќе биде достапна на пазарот во Хонг Конг, од каде во следните неколку недели ќе пристигне на останатите пазари.

„Во моментов немаме никакви планови за Nexus 5 кој ќе биде произведен од нас. Вакво маркетинг презентирање не ни е повеќе потребно. Nexus 4 е огромен успех, дури и со проблемите со снабдувањето немаме никакви проблеми со Google. Но ние нема да го правиме Nexus 5.“, вели Ким Вонг за All about Phones.

Што се однесува до новиот Nexus 4 тој доаѓа без никаква надградба, односно е идентичен на темната варијанта: 4.7-инчен дисплеј со 720р резолуција, четири јадрен Snapdragon S4 Pro процесор и 2 GB RAM. Засега оперативниот систем е Android 4.2. Според ова очекувањата се и цената на телефоните да бидат идентични. Интересно ќе биде кој ќе биде креатор на новиот Nexus телефон, порталот Android Beat прогнозира дека можно е следниот Nexus да биде од Huawei, ZTE, Sony, но не ги исклучува ниту HTC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии