LG негира дека работи на паметен часовник, но најави нов преносен уред

Кога го најавуваше својот нов паметен телефон LG G3, кој доаѓа со 2К-дисплеј и 8-јадрен Odin процесор, LG спомена и дека работи на преносeн уред кој нема да биде паметен часовник, но ќе биде сензор кој ќе носи на зглобот. Оваа најава ги зголеми шпекулациите oколу типот на уред кој ќе го издаде LG, кој во последно време е омилениот партнер на Google кога е во прашање Nexus серијата на паметни телефони. Засега единствен уред кој е најавен од компанијата во оваа категорија е LG Smart Activity Tracker бразлетната, која се поврзува со iOS и Android уреди, и служи како нотификациски центар за повиците и пораките кои ги добивате на телефонот, како и за следење на работата на срцето и GPS локатор.

За повеќе податоци најверојатно ќе треба да почекаме до фебруари за кога компанијата најави презентација на повеќе уреди за MWC 2014 во Барселона, јавува Engadget.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии