LG го претстави Chromebase, првиот се-во-едно компјутер со Chrome OS

Chromebook-овите се замислени како лесни лаптопи без некој моќен хардвер, кои ќе им служат на корисниците да го сурфаат Вебот и да ги користат сите услуги кои може да им ги понуди Google, од Gmail до Docs. Но, LG одите еден чекор подалеку објавувајќи десктоп се-во-eдно компјутер со Chrome оперативен систем и 21,5-инчен монитор.

Именуван како Chromebase овој десктоп компјутер ќе има Intel Celeron процесор 2 GB RAM и 16 GB SSD простор со голем монитор кој ќе поддржува 1080p резолуција. Компјутерот доаѓа со тастатура, глучве, звучници, но и со HDMI порт преку кој може да стане монитор за други компјутери. Тоа што е интересно е што во соопштението на LG се вели дека Chromebase е направен да се користи од училиштата, хотелите и бизнисите кои немаат потреба од помоќна машина. Засега не се знае кога Chromebase ќе биде достапен да се купи, ниту по која цена.