Лезбејка забранета на Xbox Live

{mosimage}Откако Тереза на својот профил на Xbox Live си напишала дека е лезбејка, била малтретирана од играчите во игрите и на крај Microsoft и го суспендираше профилот поради тоа што „дискусиите за сексуалната ориентација се навредливи“. Тереза за своето искуство во писмо до Consumerist (Consumerist.com) вели…


„Неодамна видов нешто на вашиот сајт за тоа што некој гејмер е баниран заради што го имал зборот ‘gаy’ (хомосексуалец) во корисничкото име.

И јас имав сличен инцидент, но мојот профил беше суспендиран затоа што јас напишав во мојот профил дека сум лезбејка. Бев малтретирана од неколку играчи, „мавана“ низ различни мапи/игри да избегам од малтерирањето. Тие ме пратеа во игрите и им кажуваа на другите играчи да ме пријават затоа што не сакаа да видат такво ср*ње или нивните деца да го гледаат тоа…“

{mosimage}

Инцидентот кој што Тереза го споменува со зборот ‘gay’ е исто инцидент повржан со Xbox Live кога профилот со име ‘thegaygemer’ беше суспендиран затоа што, според официјалните лица на кои им се обратил ‘thegaygamer’ „Xbox заедницата мислела дека тоа е навредливо“.

Но тоа не е крајот со Xbox Live и хомофобијата. Microsoft објави дека презимето Гејвуд (Gaywood) е навредливно и му порачаа на Ричард Гејвуд да не го користи неговото презиме во профилот на Xbox Live, кој исто така им се обрати на Microsoft со е-маил „Пробав Хетеровуд и Хомовуд исто (и двете беа забранети) но Стреитвуд (Streightwood), чудно, е дозволено. Streight на англиски значи прав односно е синоним за хетеросексуална ориентација.

Одговорот на Microsoft за сите случаи е следниов:

„Како што е напишано во Условите за користење на Xbox Live, корисниците не смеат да креираат име во играта или да користат текст во другите полиња на профилот што вклучува коментари кои личат, звучат, означуваат, покажуваат, потенцираат или ассоцираат на содржина од потенцијално сексуална природа.“



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии