Level up! Сега и App Store има проблем со лажни апликации

За разлика од Google Play, App Store генерално важи за побезбедно место. Сепак неколку недели пред популарниот ден за шопинг во Америка, „Црн петок“, продавницата на Apple за мобилни апликации е полна со лажни апликации.

Тоа што е заедничко за голем дел од нив е што се маскираат како апликации на легитимни продавници. Дали тоа се Zappos, Jimmy Choo, Christian Dior или Salvatore Ferragamo, сите имаат лажни апликации, јави New York Times.

„Гледаме наезда од лажни апликации. Некои се релативно безопасни и само испорачуваат реклами.“, вели Крис Мејсон од компанијата Branding Brand која ги одржува апликациите.

Иако дел од овие апликации се безопасни, проблемот е опасноста од злоупотреба на лични податоци. Дополнително, постои опасност од заклучување на телефоните или таблет компјутерите додека корисникот не исплати откуп, познато како ransomware.

Најголемиот проблем со овие апликации е што поминале и покрај проверката што ја врши тимот на Apple со кој ја проверува веродостојноста и интеграцијата. Apple обезбедува апликациите да бидат без малициозен софтвер во макотрпен процес за одобрување на апликацијата во нивниот еко-систем, но непознато е како овие апликации ги поминале филтрите. Се претпоставува дека причината е поради тоа што проверките на Apple се базираат на проверка за злонамерен код, а не и на измами. Креаторот од Кина вели дека само ги произведува апликациите, но никој не проверува дали се вистина поврзани со брендот.

Ова предизвика Apple да избрише куп апликации минатата недела при дополнителна проверка. За жал, без детални проверки во денот кога апликацијата се издава тешко е веројатно дека апликациите ќе поминат без проблем. Дополнително развивачите можат да ги променат апликациите по нивното објавување, па на Apple некојпат не му останува ништо освен гаснење на пожар.

1 коментар на “Level up! Сега и App Store има проблем со лажни апликации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии