Летот на Ричард Бренсон под лупа на Федералната агенција за авијација

Дејан Соколоски

во Вести

Федералната агенција за авијација започна истрага за првиот лет на Virgin Galactic на Ричард Бренсон. Во текот на летот имало опасност поради која мисијата требало да биде одложена. Сепак летот продолжи и понатаму, а за среќа леталото слета без никаков забележителен проблем.

Причината за истрагата е скршнувањето од зададената рута на леталото во текот на летот, јави New Yorker. Поради ова пилотите на леталото не само што ризикувале поопасна рута при спуштањето туку имало опасност да излезат од дозволениот простор за лет.

При летот SpaceShipTwo леталото на Virgin Galactic неколку минути беше на работ на вселената. Во леталото беа двајца пилоти, Ричард Бренсон и тројца вработени во компанијата. Пред да го започне своето спуштање леталото беше на висина 85 километри од земјата. Сепак пред да стигне до највисоката точка се огласил алармот и пилотите требале или да ја поправат грешката или да го откажат вклучувањето на ракетниот погон.  

Image Courtesy: Jeff Foust (www.flickr.com/photos/jfoust/5106876200), Licensed under the Creative Commons Attribution 2.0 Generic | Flickr

Причина за промената на траекторијата се ветрови во горните слоеви на атмосферата, а заклучоците и карактеризирањето во текстот на New Yorker се погрешни, вели претставник на Virgin Galactic.

„Пилотите соодветно реагираа на променливи услови на летање точно како што се обучени и во строга согласност со веќе воспоставени процедури. Иако крајната траекторија на летот отстапуваше од првично зацртаната, траекторијата беше контролирана и му овозможи на Unity 22 успешно да стигне до вселената и безбедно да слета на нашиот космодром во Ново Мексико“.

Сепак дека можеби приказната е посложена покажува отпуштањето на главниот тест пилот во Virgin Galactic Марк Стаки, само осум дена по летот на SpaceShipTwo. Г. Стаки има забелешки на реакцијата на пилотите додавајќи дека ветрот бил во нормални граници, а пилотите сепак не направиле ништо да ја исправат грешката со траекторијата.

Истрагата на Федералната комисија за авијација нема да има влијание на другите тест летови, додава портпаролот на Virgin.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии