Лесна конверзија од PowerPoint презентации во Pdf документи

Секако, PowerPoint си има своја Show опција за снимање за прикажување на презентација без своите составни делови, но во случај да ви затреба .pdf фајл заради X можни причини, Moyea PPT to PDF converter е едноставното решение. Софтверот за конвертирање во .pdf е бесплатен, иаку Moyea нуди и други програми, зависно од потребните се разбира.

Инсталацијата е едноствна и брза: симнувате фајл, го инсталирате, го стартувате софтверот. Како што е погоре на сликата имате Add копче за додавање на .ppt документ, Settings опција за местење на параметрите, Output за одредување каде да биде снимен .pdf фајлот и кликате на Convert.

Резултатот е еднакво квалитетна .pdf презентација.

Всушност кога сме кај споделување презентации, освен користење на различни формати на фајлови, имате и веб решение, односно веб сервиси каде можете да закачите презентација како SlideShare, Scribd или SlideBoom.

2 коментари на “Лесна конверзија од PowerPoint презентации во Pdf документи

  1. Од Office 2007 си има Save as->PDF опција. А инаку постојат голем број на PDF printer алатки со кои било каков документ може да се "испринта" во PDF формат, исто така со подеднаков квалитет :)

  2. Да, тоа е еден начин како да се зае…упс!… изгубите време и, претпоставено, да го решите тој проблем.

    Од друга страна, секогаш можете да ја отворите презентацијата во OpenOffice (LibreOffice?) и да ја снимите како PDF.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии