Лери Пејџ инвестира во компании за летечки автомобили

Лери Пејџ финансира неколку компании кои работат на летечки автомобили, но токму работата на автономните возила на Google ќе помогне овие возила да се кренат од земја и да полетаат, вели Bloomberg.

Zee.Areo е една од овие компании, основана е во 2010 година и има околу 150 вработени кои работат на летечките возила.  Леталото на кое работат е малечко авионче кое може да слета и да полета вертикално. Компанијата не е поврзна со Google и Alphabet, туку е финансирана од г. Пејџ, кој кај вработените е познат како GUS (Guy upstairs). Идејата за летала не е нова и веќе има пионери кои работат на нив веќе 40 години, но досега моторите, технологијата, навигацијата, па и материјалите не беа доволно добри. Дополнително летањето е многу посложено и поопасно од возењето, што е пречка за поинтензивно тестирање на леталата. Но, според Марк Мур, поранешен инженер во NASA: „Последните пет години има огромен напредок во технологијата која е поддршка. Она што ќе се случува во следните 5 до 10 години ќе биде неверојатно“.

Zee.Aero не е единствената компанија за летала во која инвестира г. Пејџ. Kitty Hawk е втората компанија, која е лоцирана на помалку под еден километар од Zee.Aero. Компанијата е основана од Себастијан Трун, кој е човекот зад Google X и автономните возила. Засега нема повеќе информации за леталата надвор од неколку патенти и најави за летала. Двете компании престанаа да даваат изјави, и според Bloomberg имаат и картички на кои им се запишани начините на кои можат да ги избегнат одговорите.

volocopter

aeromobile-3-0

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk