Лепите селотејп врз камерата? Не сте единствени…

Можеби Apple, Samsung, Lenovo, Huawei, Sony и другите се фалат со квалитетот на камерата на своите телефони. Но, корисниците денес се доволно параноични за да не се грижат толку за бројот на пиксели на камерите, колку за својата приватност. Камерите се стандардна опрема на лаптоп и ноутбук компјутерите, на таблет компјутерите, а сѐ почесто се наоѓаат и на уреди на кои досега ги немаше, како паметни телевизори или контролери за видео игри. Сепак, покрај напорите на производителите да направат што е можно подобра камера, сѐ поголем е бројот на корисници кои одбираат да стават налепница или парче селотејп за да ја покријат камерата, и да ја зачуваат приватноста.

Ова секако не е новитет. Безбедносни експерти неколку години наназад препорачуваат покриени камери, бидејќи неретко читаме вести за сајбер напади и малициозен софтвер, преку кои се вклучуваат микрофонот и камерата. Грижата за приватност е доволно голема за селотејпот и етикетите да можат да се заменат со покривки. Листата на различни покривки е прилично долга на Amazon, и секој може да најде што му потребно – од покривка за паметен телефон, па сѐ до лаптоп.

„Ја покривам камерата бидејќи видов попаметни луѓе кои го прават истото“, вели директорот на FBI, Џејмс Коми за Guardian.

Стравот од нарушувањето на приватноста е поголем благодарение на известувањата на Едвард Сноуден, кој ја зголеми свеста дека владините агенции се тие кои често ја злоупотребуваат секоја дупка во законот за прибирање на податоци. Доволно е застрашувачки да се видат бројните примери на безбедносни експерти кои постојано укажуваат на леснотијата да се активира камерата на вашиот лаптоп, и тоа без да се активира диодата која покажува дека камерата работи.

Сепак, не сите се убедени дека камерите треба да бидат покриени. Експертот Брајан Паскал за Guardian вели дека сака да може да ја користи камерата слободно за да го види својот син, иако и тој се согласува дека паранојата од „големиот брат“ е разбирлива причина зошто корисниците ја покриваат својата камера.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии