Lenovo Z5 Pro GT со екран на повлекување и 12GB RAM

Дејан Соколоски

во Мобилни

Кинескиот производител на паметни телефони Lenovo го претстави својот нов модел Lenovo Z5 Pro GT.

Благодарение на малечок трик производителот успеа да направи телефон со екран без карактеристичниот заб на горниот дел. Екранот на телефонот може да се повлече и зад делот каде вообичаено е забот, се крие предната камера.

Покрај „недостатокот“ на заб на горниот дел телефонот доаѓа со импресивен хардвер: 512 GB флеш диск,  Qualcomm Snapdragon 855 процесор и рекордни 12GB RAM. Секако ова е „најнабилданиот“ модел, а ќе има и телефони со помалку простор и меморија. Екранот е 6,39-инчен AMOLED со резолуција 2 340 х 1 080.

Телефонот доаѓа и со две дуал камери. Задната е 16MP + 24MP, а предната 16MP + 8MP (infrared).

Телефонот доаѓа со стандардните сензори и приклучоци и дуал SIM слот што е речиси и стандард за телефони наменети за кинескиот и индискиот пазар. Она што недостасува е приклучок за слушалки, па Lenovo праќа „dongle“ од USB-C во приклучок за слушалки.

Цената на телефонот е помеѓу 390 и 640 долари. Поевтиниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128 GB флеш диск, а најскапиот модел е сo 12 GB RAM и 512 GB диск.

За жал засега нема најава дека Lenovo ќе го извезува телефонот надвор од Кина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии