Lenovo Yoga Book е одличен таблет-лаптоп хибрид, кој за жал е неприлагоден на оперативните системи

Дејан Соколоски

во Хардвер

Lenovo Yoga Book е најверојатно еден од најубавите хибридни уреди кои се достапни на пазарот. Дополнително уредот треба да биде патоказ за дел од останатите прозводители за дизајнот кој треба да го следат. Најголем проблем на уредот, оперативните системи.

„Yoga Book делува на природна еволуција на категорија на производи која има проблеми изминативе години. И ова е навистина возбудливо. Дали спомнав колку кул изгледа?“, вели Лорен Гуди од Verge.

Најтенкиот лаптоп досега Lenovo Yoga Book, доаѓа со тастатура која всушност е уште еден таблет. Сепак во режим на тастатура овој таблет потсетува на нешто што го гледаме во фантастичните серии. Токму оваа изведба овозможува таблетот да биде најтенок уред досега.

Yoga Book доаѓа со 10.1-инчни 1920 x 1200 дисплеи; Intel Atom x5-Z8550 процесор; 4GB  RAM; 64GB слободен простор. Цената на основната Android верзијата е 500 долари,  а на Windows верзијата 550 долари. Најголемиот проблем е што ниту еден од двата оперативни системи не е прилагоден за двете намени. Android e одличен за таблет мод, но не и за лаптоп. Windows пак не е баш прилагоден за Atom процесор па батеријата споредено со Android и не трае премногу.

yogabookhandwritingdigitized_low

Она што го прави таблетот поразличен од конкурентите сепак е Halo тастатурата. Во лаптоп режим копчињата се осветлуваат, а секој притисок креира блага вибрација која овозможува корисникот да го регистрира напишаното. Тастатурата може да се користи и како графички таблет, но со Android, корисноста е ограничена од бројот на апликации, констатира Gizmodo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии