Телефоните на Vivo и Oppo ги претркаа Lenovo и Xiaomi

Lenovo и Xiaomi не се повеќе на листата на 5 најпродавани паметни телефони. Заменети се од кинеските компании Oppo и Vivo, се вели во анализата на IDC која за првото тримесечие на 2016 година покажува минимален раст на пазарот.

Samsung и Apple повторно се на врвот на листата, но бројките и на двете компании се полоши од бројките од истиот период минатата година. Телефоните на Samsung забележаа пад на продажбата од 0,6 отсто, но крајот на март и Galaxy S7 допринесоа за подобри бројки. Apple пак забележа пад од 16,3 отсто, а се чини дека главна причина за ова е што Apple не успеа да ги убеди своите корисници да го заменат својот телефон со најновитe модели iPhone 6S и iPhone 6S Plus. Последното место на оваа листа е за Huawei кој доминира на кинескиот пазар, но за разлика од Lenovo, Oppo, Vivo и Xiaomi има поголем удел и надвор од Кина.

idcsmartphonesshare

Анализата покажа дека најголем дел од корисниците не се верни на една компанија, туку ги менуваат телефоните. Но она што можеби е и поинтересно е дека најевтините телефони не се повеќе најкупуваните, па така телефоните на Xiaomi и Lenovo во просек се продаваат за помалку од 200 долари, а Huawei, Oppo и Vivo доаѓаат за 250 долари. „Претпоставуваме дека за почеток корисниците купуваат најевтин телефон, но кога ги купуваат следните сакаат малку поскапи модели. Сепак имајте предвид дека зборуваме за разлика од 150 на 250 долари, на телефони кои доаѓаат со договор разликата е минимална,“ вели Рајан Реит од IDC, за Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии