Lenovo претстави ултра тенок паметен телефон со 1080p резолуција

Lenovo се зајакна на полето на паметните телефони со претставување на својот нов паметен телефон K900 кој се одликува со модерен дизајн, 5,5 инчен IPS екран и голема резолуција.

„Нашиот тим ги совлада клучните функции на еден паметен телефон кој го редизајниравме од темел.“, изјави директорот на Lenovo, Лиу Јун, на CES 2013, додека потпретседателот истакна дека „Наместо да се фокусираме на спецификациите кои добро изгледаат на хартија, истраживме што сакаат потрошувачите и сфативме дека не сакаат дебели паметни телефони. Затоа, К900 ќе ја „играта“ која освен тоа што изгледа добро, и работи добро.“

Секако дека секој ќе си го фали својот продукт, но Lenovo и навистина е успешен во PC индустријата. К900, како што веќе напоменавме, има 5,5 инчен IPS екран кој доаѓа со Full HD резолуција од 1080p и 400+ пиксели по инч, работи на Intel Atom процесор и ја има една од најдобрите камери. Инаку, уредот е тенок 6,9mm, го прави потенок од iPhone на Apple кој е 7,6mm или Samsung S3 кој е тенок 8,6 милиметри.

Екранот е заштитен со Gorilla Glass 2, а уредот тежи 162g, што е малку потежок во споредба со iPhone и Samsung. Исто така, ова е првиот телефон кој доаѓа со објкетив F1.8 и ќе понуди толку широка бленда на својата камера. Цената сè уште не е позната, а телефонот на нашиот пазар треба да излезе некаде после април, кога и ќе биде пуштен во продажба на кинескиот пазар.

[youtube]S9rA1nqzqWg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии