Lenovo претстави моќни, скапи и практични гејминг машини

Lenovo на IFA 2015 презентираше два нови десктоп компјутери кои несомнено ќе бидат помеѓу првите кои ќе доаѓаат со Intel Skylake процесор. Иако Lenovo не e познат по премногу скапи уреди, новите компјутери чинат 1.000 и 1.600 долари, иако хардверот донекаде ја оправдува високата цена.

Ideacentre Y700 и Y900 доаѓаат со Skylake i7 и i5 процесори и тоа најверојатно S и K серија на процесорите на Intel. Графичките картички инсталирани во компјутерите се далеку над просечните со Nvidia GTX 980 и Nvidia GTX 970. Десктопите доаѓаат со со подршка за DDR4, и можност за поддршка до 64GB RAM кај Y900 и за жал основните модели се превисоки, барем за цените на Lenovo и можат да им конкурираат на Razer, па и на Apple.

Можеби поголемо изненадување е влезот на Lenovo на пазарот за гејминг периферни уреди. Компанијата презентираше: слушалки, гејминг компјутерско глувче и гејминг тастатура. Уредите ќе бидат достапни пред крајот на месецот, вели Ars Technica. Kомпанијата ја надгради Y50 серијата на гејмниг лаптопи со Y700. Новиот лаптоп доаѓа со Skylake Core i7, GTX 960M, 16GB RAM и 15.6 инчен 1080р или 4К дисплеј.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии